Вести Македонија Ударни вести

Почина режисерот Љубиша Георгиевски

 

Утрово, на 81 година, почина театарскиот и филмски режисер Љубиша Георгиевски.

Георгиевски беше драмски писател и есеист, теоретичар на театарот и професор по театарска режија и актерска игра на “Факултетот за драмски уметности” во Скопје. Има издадено повеќе од десет книги, режирано четири филмови, додека како журналист има напишано повеќе од 200 колумни.

Љубиша Георгиевски во 1994 година беше кандидат за претседател на Република Македониа, од 2000 до 2004 година беше амбасадор во Бугарија, а во периодот од 2006 до 2008 беше претседател на Собранието на Република Македонија.

Сподели: