Алтернатива Настани

Промоција на “Конзерваторско-реставраторски методи и третмани на Охридската збирка икони” од Ангелина Поповска

Сподели:

Денеска во 12 часот, во конференциската сала на НУ Музеј на македонската борба – Скопје, ќе се одржи свечена промоција на книгата “Конзерваторско-реставраторски методи и третмани на Охридската збирка икони” од авторот Ангелина Поповска, советник конзерватор при НУ Националниот конзерваторски центар во Скопје,која говори за конзерваторската практика и нејзиниот континуиран развој во нашиот регион. Истакнат е пресекот на 70 годишната практика во конзервацијата на икони преку призмата на Охридската збирка.

Книгата е поддржана од Министерството за култура на Р.Македонија,а издадена од страна на издавачката куќа “Каламус”-Центар за културно и духовно наследство .

Промотори на промоцијата се проф.др.Драган Булатовиќ од Филозофскиот факултет во Белград, Србија и управник на центарот за музеологија и херитологија во Белград и проф.др.Елизабета Димитрова од Филозофскиот факултет во Скопје, Институтот за историја на уметност и археологија.

Сподели: