Вести Македонија Топ теми

Поради владините мерки, во ПИОМ 34 милиони евра помалку

Сподели:

 

Во Фондот за пензиско ќе има 34 милиони евра помалку за период од четири години. Ова е поради владините мерки со кои дел од компаниите не плаќаат придонеси за вработените. Тука влегува проектот „Македонија вработува“, странските инвеститори во зоните и уште неколку други категории вработени, пренесува Тв Алсат-М.

Според податоците од еден од ревизорските извештаи за ПИОМ, излегува дека секоја година во Фондот има по 8,5 милиони евра помалку за вработените за кои не се плаќаат придонеси, а чиј стаж ќе треба да биде признаен. Ова е само една од причините, поради која на државниот пензиски фонд му недоставуваат се повеќе пари за да исплати пензии кои потоа владата мора да му ги префрли. Директорот на Агенцијата за вработување, вчера призна дека дел од мерките имаат влијание врз финансиската состојба во фондот.

„Ова е само една во сериите на дубиози и проблеми во работерње на фгондот, кој не ги исполнува основните критериуми да биде Фонд.Тоа е де факто квази буџет, во кој од сите страни влегуваат пари, а се дистрибуиираат онака како што менаџментот ќе одлучи“, рече Игор Ивановски, универзитетски професор.

На Фондот за ПИОМ за годинава му недостасуваат 45 отсто од парите потребни за исплата на пензии, сума која му се префрла од буџетот и која секоја година се зголемува.

Сподели: