Вести Свет

Поранешен романски градоначалник 1.011 пати ја злоупотребил својата функција

Сподели:

Романската Национална дирекција за борба против корупцијата покрена обвинение против поранешниот градоначалник на градот Каракал, Георге Ангел за сторени вкупно 1.011 кривични дела.

Aнтикорупциската комисија го товари Ангел дека формирал „организрана криминална група“ составена од повеќемина вработени во градската управа, со кои ги извршил 1.011-те кривични дела за кои е обвинет во периодот од 2009 до 2012 година.

При злоупотребата на својата позиција, Ангел и нанел штети на државата во износ од над пет милиони леи, или речиси 1,1 милиони евра.

radiomof.mk

Сподели: