СДСМ: После шемите на Груевски со Субрата Рој, земјиштето на Џумајлија се враќа на земјоделците

Сподели

 

Поминаа шест години од погубниот договорот кој владата предводена од носителот на криминалот, Никола Груевски го склучи со осудениот измамник од Индија, Субрата Рој.

Носителот на кримналот, Груевски и неговите соработници, на Субрата Рој, заедно со тогашните министри ги излажа граѓаните дека ќе се инвестираат 211 милиони евра, ќе се вработат над 2.000 лица и увезат над 20.000 крави.

Од силните ветувања, останаа само сликите на Груевски, Ставревски и Рој.

За разлика од таквиот криминален однос на Груевски, денес, Владата предводена од СДСМ ги санира штетите и земјиштото им се враќа на вистинските земјоделци.

Низ отворена и транспарентна постапка за земјиштето од агрокомбинатот Џумајлија се склучени 8 договори за над 3 хектари, со вкупна површина од околу 714 хектари, при што седум од договорите е за едногодишни култури, а еден за оранжерии.

Носителот на криминалот, Груевски заедно со осудениот измамник од Индија, Субрата Рој со месеци ги лажеше граѓаните, ветуваше фарми, инвестиции од стотици милиони евра, изградба на хотели, голф терени и марини, а од сето тоа останаа само криминални проекти и измами.

Криминалот, деструкцијата и расипништвото беа симбол на раководството на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Груевски. Одбраната на криминалот на Груевски пак е суштина на делувањето на актуелното антизападно раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од пионот Христијан Мицкоски.

Пионот Мицкоски е продолжена рака на неговиот ментор и шеф, Никола Груевски. Затоа антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се против ЕУ и НАТО.

На антизападниот Мицкоски треба да му биде јасно дека не може да ги одбрани криминалите на неговиот ментор Груевски, ниту на неговите соработници.