Прекинете со понатамошно разнебитување на ВМРО ДПМНЕ

Сподели

Калкултантските, непринципиелните и погубни политики на
актуелното раководството на ДПМНЕ по се изгледа свое финале ќе добијат со
претседателските избори. Се погласните информации од членови на најтесното
партиско раководство на партијата, за можни кандидати на ВМРО ДПМНЕ на
претседателските избори главно членови на поранешната Демократска Алтернатива, Демократската,
Либералната и Социјалистичката партија, го исфрла на виделина сценарио за
згаснување и заминување во историјата на ВМРО ДПМНЕ.

Господа политички ,,натуршцици” тоа нема да ви го дозволиме по втор пат. Таквите наметнати
персони во партијата (прв пат во обидот партијата да стане движење) ги видовме
во минатото, а последиците ги трпиме сега. Ја изгубивме идеологијата, ја
загубивме препознатливоста, го убивте патриотизмот и станавме партија за
поткусурување и потсмев.

Под закрила на името на партијата таквите невмровски функционери
и структури цела една деценија заедно со нивниот ментор во егзил ја пустошеа
државата, ја обезличија партијата и ненаситно ги полнеа своите банкарски
сметки. За истите тие невмровски структури сега се водат судски постапки, дел
од нив се пазарат и го продаваат името за сопствен спас, а цената највеќе ја
плаќаат чесните патриотски и искрени вмровски членови и симпатизери.  

Почитувани членови на партијата. Крајно време е да ставиме крај на понатамошно обезличување на партијата и на обидите да згасне се она што е вмровско. ВМРО-ДПМНЕ поседува интелектуален и морален капацитет и сила да одговори и да ги запре ваквите нечесни и задкулисни игри кои се во функција на реализација на зацртаните цели на Зоран Заев и СДСМ.

Сега е вистински и последен момент ВМРО ДПМНЕ со претседателски кандидат од вмровска провиниенција и профилација да се врати на патот на пристојноста, патриотизмот и достоинството потпрени на вредносен компас препознатлив по личната чест и посветеноста кон татковината и нацијата, кои ги обединуваат мислата, зборот и делото, а не личните и егоистични или туѓите намери и интереси.

ВМРО ДПМНЕ-ДЕМОКРАТСКА ФРАКЦИЈА