Вести Македонија Ударни вести

Притвор од 30 дена за Владимир Атанасовски, поранешен директор на УБК

 

На Владимир Атанасовски, поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање по вечерашниот распит во Кривичниот суд, му е одреден 30 дневен притвор.

Атанасовски се товари за кривично дело „здружување заради непријателска дејност“, откако на минатите рочишта за случајот за упадот во Собранието на 27. април минатата година, од дел обвинети беше директно посочуван како главен организатор на насилниот упад во Собранието минатата година.

Атанасовски беше на чело на УБК, откако се повлече Сашо Мијалков од функцијата, сѐ до јуни 2017 година, а сега е советник за безбедност на Христијан Мицкоски.

Сподели: