Вести Македонија Став Ударни вести

ПРИЗМА: ЗАЕВ – Пролетва ќе има кадровско проветрување

Сподели:

 

Премиерот Зоран Заев во интервју за „Призма“ за пролетва најавува можни кадровски промени во инситуциите, а „рекапитуларот“ по десет месеци од изборот на Владата, како што вели, може да предизвика и нејзина реконструкција.

– Тоа што значи неуспешност во менаџирањето на една институција, не може да заврши како рефлексија во самата институција. Ќе следуваат кадровски промени. Не сакам никој да ја изгуби шансата. Ако не е за првото место, можеби ќе биде за второто, третото, четвртото…Има огромен дел кои многу сакаат да се докажат, но не знаат. Тука се и новите генерации кои доаѓаат, и веројатно, паралелно и учат. Има дел кои знаат и се трудат. Има дел кои ниту знаат, ниту се трудат. Рекапитуларот ќе се случи десетте месеци од стартот на Владата, напролет, кога на дел од нив ќе им се заблагодариме. Немаме многу време, а граѓаните чекаат резултати. Рекапитуларот може да предизвика и реконструкција. Може да има промена на директори, но и промена на министри, на државни секретари… – вели Заев во интервјуто.

Интервјуто на Катерина Блажевска за “Призма”, во целост можете да го прочитате тука

Фото: Роберт Атанасовски

Сподели: