Продолжува судењето за „Титаник“ – Груевски и Јанкулоска повторно на обвинителна клупа

Сподели

Во Кривичниот суд во Скопје денеска и утре се закажани рочишта на кои треба да продолжи судењето за предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство, а последната недела од август и судењата за „Т.Н.Т.“ и „Тврдина-Таргет“.

Во „Титаник“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешните функционери Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени од СЈО за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.