Пронајдена шок-бомба во вреќа со отпад во Ѓорче Петров

Сподели

За време на извршувањето на своите секојдневни активности за собирање и
транспорт на комуналниот отпад, вработените во ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје неретко се изложени на разни видови
ризици и опасности.

Во текот на вчерашниот ден, во исфрлена вреќа со отпад на улицата “Македонска преродба”, во скопската општина Ѓорче Петров, оперативците забележале шок-бомба.

Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје веднаш интервенирала, при што е констатирано дека станува збор за потенцијално опасен отпад од распрскувачки материи, за што била информирана и Полицијата којашто извршила увид на местото на настанот.

ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје апелира до граѓаните заедно со својот комунален отпад никогаш да не исфрлаат токсични, опасни или штетни материи, коишто можат сериозно да го загрозат здравјето на вработените во Претпријатието коишто секојдневно се во контакт со отпадот при извршувањето на своите работни задачи -стои во соопштението на ЈП “Комунална хигиена”.