Пулмолозите апелираат да не се излегува од дома без заштитна маска

Сподели

Откако градските власти излегоа со препораки, совети стигнуваат и од пулмолозите: да се користат заштитни маски и антиоксиданси, a без потреба да не се излегува надвор.

Надлежните го вклучија алармот. Маглата се врати, а со неa и смогот и отровните честички кои со грипот  може да има катастрофални последици по човечкото здравје, велат лекарите. Расте бројот на пациенти на Клиниката за пулмологија.

Скопјани веќе тешко дишат. Се жалат на главоболки, печење на очите и носот. Се заштитуваат колку што можат.

Според градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, загадувањето е резултат на „децениската апсолутна негрижа кон животната средина“. Тој ги наведува масовното сечење на дрвјата, уништувањето на незаштитените подрачја и непланското градење како главни виновници за лошата состојба.

Тој додаде, дека иако се преземаат краткорочни мерки, не треба да се очекуваат спектакуларни резултати. Долгорочно се планира нов концепт на јавен превоз, сопирање на бесправната урбанизација, забрана за работа на печките во Дрисла во критични денови. Иако се преземаат краткорочни мерки, Шилегов вели дека не треба да се очекуваат спектакуларни резултати. Долгорочно се планира нов концепт на јавен превоз, сопирање на бесправната урбанизација, забрана за работа на печките во Дрисла во критични денови… Од јануари следната година во училиштата ќе се инсталираат прочистувачи на воздух. Веќе од јануари во училиштата ќе се инсталираат прочистувачи на воздухот.