Вести Македонија Ударни вести

Ратификацијата на Договорот за добрососедство на Македонија и Бугарија во матичната собраниска комисија

Сподели:

Предлог законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија е на дневен ред на денешната седница на собраниската Комисија за надворешна политика.

На седницата треба да бидат разгледани и предлог – законите за ратификација на Конвенцијата за ноќна работа, 1990, и на Спогодбата помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Обединетите Арапски Емирати за редовен воздушен сообраќај помеѓу и вон нивните територии. Во Собранието денеска седници треба да одржат Законодавно-правната комисија и Комисијата за надворешни работи.

Во Собранието седница денеска треба да одржи и Законодавно-правната комисија, со расправа за законите за изменување и дополнување на законите за Судскиот совет на Република Македонија и за заштита на сведоци, во второ читање, по скратена постапка, како и Предлог – законот за престанок на важењето на Законот за Советот за утврдување на факти и покренување постапка за утврдување одговорност за судија, исто така по скратена постапка, во второ читање.

Сподели: