Алтернатива Настани

Ретвитни оброк – Сподели храна, стопли срце

Сподели:

#Ретвитни оброк – Сподели храна, стопли срце

Ретвитниоброкџии, добронамерници! Уште една сабота делиме храна зготвена со љубов за оние кои немаат. Секоја помош е добредојдена 🙂

Секој може да се вклучи:
– Можете да дојдете на заедничкото готвење во Гласност од 17часот(ул. Петар Поп Арсов бр.6), да сецкате салати и да се дружите со супер дечки 🙂
– Можете да зготвите онолку колку сте во можност оброци од дома и да ги спакувате во алуминиумски кутии (можат да се земат од портирницата на Спомен Куќата на Мајка Тереза).
– Можете да донирате намирници (леб, тестенини, месо, грашок, салати, овошје, гравче, ориз…) и да ги оставите во Freshys – Фрешис и така да им овозможите на луѓето во Гласност да зготват повеќе оброци
– Сортирајте или згответе јадлива храна која ви останала дома или од прослави, родендени и собиранки, спакувајте ја и донесете ја во 12:30 часот во сабота пред Мајка Тереза.

Нашето малку за некого значи многу, да не фрламе храна зошто секој заслужува достоинствен оброк! ♥
За каква било информација, пишете ни на Ретвитни Оброк групата.

Сподели: