Алтернатива Настани

РОДЕНДЕН во МКЦ

На 17. јануари МКЦ ќе го прослави својот роденден соизложби, промоција на книга, поетски перформанс, концерти, филмска ревија и многу награди.

18:00
Изложба на спектакуларни фигури од пластелин, изработени од 9-годишниот гениј Максим Цветановски и работилница за деца со нашиот child whisperer Dorotej Neshovski од 18 ч. во Детскиот креативен центар при МКЦ.

18:00 Бесплатен филмски маратон
Љубовна филмска ревија во Џебно кино на која ќе можете да се потсетите на некои ремек дела на кинематографијата со емотикон срце. (наскоро повеќе инфо)

20:00
Отворање на изложбата од Музејот на раскинати врски кој по 11 години повторно доаѓа пред македонската публика. Ќе можете да ѕирнете во интимата на луѓе од разни краеви на светот, кои одлучиле да се збогуваат со својата поранешна љубов, ослободувајќи се и од некој предмет кој што силно ги потсетува на неа.

20:30
Промоција на книгата „Радио“ на Ljupco Jolevski, еден од бардовите на македонското новинарство ќе се случи во Кино Фросина. Ова импозантно дело кое брои повеќе од 700 страници, ги интегрира во најголем дел интервјуата кои што авторот ги остварил со врвни имиња од македонската културна сцена во последните 5 години направени за Радио Слободна Европа

21:30 // Сала 25 Мај
Концерти на нашите Matej Foltz, Pluto’s Doubts, JUNE (ЏУН) како и одличните Igralom од Србија

22:00 // Горно фоаје
Поетски перформанс со млади и не толку млади поети и поетеси „Песнило“

23:00 // Бифе
Музика за раскинување, или слатко горчлива сонична романса со опасниот диџеј пар – Violeta Kachakova & Mirko Popov

Сподели: