„Роман на годината“ за 2018 е „Некој бил тука“ од Николина Андова Шопова

Сподели

Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2018 година, престижното признание го додели на романот „Некој бил тука“ од Николина Андова Шопова, во издание на „Темплум“.

На конкурсот за Роман на годината за 2018 година имаше 36 книги објавени во текот на изминатата година.

За изборот на Роман на годината како стручна жири комисија присуствуваа Фросина Пармаковска, Богомил Ѓузел, Елизабета Баковска, Катерина Богоева и Александар Прокопиев.

Во најтесна конкуренција беа и романите „Страв од варвари“ од Петар Андоновски и „Маџун“ од Влада Урошевиќ.

Наградата „Роман на годината“ ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“ во партнерство со Град Скопје и Културно-информативниот Центар од Скопје и со финансиска поддршка на Министерството за култура. Генерален спонзор на наградата е „Комерцијална банка“ АД.