Вести Македонија Ударни вести

РСБСП: За безбедни и весели празници – возете внимателно и одговорно

Сподели:

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и одговорни во сообраќајот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација, да не возат под дејство на алкохол и да ги почитуваат правилата за ограничување на брзината.

Оттаму потсетуваат на статистиките кои покажуваат дека и понатаму доминантна причина за предизвикување на сообраќајни незгоди со фатални последици е човечкиот фактор.

„Празниците се време за радост, за уживање и за дружење со најблиските. Не дозволувајте сообраќајна незгода да ви го наруши празничното расположение на вас и на вашите најблиски. Возете внимателно и одговорно“, апелираат од РСБСП.

Сподели: