Вести Свет Ударни вести

САД ги повлекуваат и последните дипломати од Венецуела

Соединетите американски држави ќе го повлечат целиот дипломатски персонал од амбасадата во Каракас, поради заострувањето на кризата во Венецуела, соопшти американскиот државен секретар Мајк Помпео.

„Одлуката е последица на влошувањето на ситуацијата во Венецуела и заклучокот дека присуството на дипломатскиот персонал во американската амбасада стана ограничување за американската политика“, напиша подоцна Помпео на Твитер.

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро ги прекина дипломатските односи со САД во јануари. Тој со тоа одговори на поддршката од Вашингтон за неговиот противник Хуан Гуаидо, кој се самопрогласи за привремен шеф на државата на 23 јануари. Голем дел од вработените во американската амбасада набргу потоа ја напуштија Венецуела, но мал број останаа во амбасадата во Каракас – пренесе Дојче веле.

Сподели: