САД со честитки за изборот на новата Влада на Македонија

Сподели
Американскиот Стејт Департмент денеска преку соопштение го честиташе формирањето на новата Влада на Македонија.
– Соединетите Американски Држави им честитаат на премиерот Зоран Заев и на мнозинството во Собранието на формирањето на новата Влада на Македонија. Како пријател и партнер на Македонија, САД ќе соработуваат со новата Влада во нејзината работа кон исполнување на Евро-Атланските аспирации со имплементирање на итните реформи, засилување на владеењето на правото, независноста на судството, слободата на медиумите и одговорноста на Владата, пишува во соопштението објавено од американскиот Стејт Департмент.