Вести Свет

Саркози го призна поразот на изборот за претседателски кандидат на десницата

Сподели:

sarkozi

ПАРИЗ (АА) – Во Франција се одржа избор за претседателски кандидат кој ќе ги претставува десноориентираните. Николас Саркози го призна поразот во првиот круг на гласањето и изјави дека во вториот круг на гласање ќе му ја даде својата поддршка на поранешниот француски премиер Франсоа Филон, јавува Anadolu Agency (AA).

Саркози својата изјава ја даде додека сѐ уште траеше пребројувањето на гласовите. Тој им се заблагодари на оние што му ја дадоа својата поддршка и изјави дека нема шанси да остане во изборот за вториот круг на гласање. Притоа тој рече: „Во вториот круг ќе го поддржам Франсоа Филон“.

Во првиот круг за избор на кандидатот на десницата, од 10.228 кутии, отворени се 8.400. Од гласовите, 44 отсто биле за Франсоа Филон, 28,1 за Алан Жупе, 21,1 за Николас Саркози. Останатите четворица кандидати не успеаја да освојат повеќе од 3 отсто.

Бруно Ле Мер, кој учествуваше во првиот круг на гласање, но не освои доволно гласови, изјави дека во вториот круг својата поддршка ќе му ја даде на Филон.

Во првиот круг за изборот на претставник на десницата учествуваа поранешниот претседател Николас Саркози, поранешните премиери Алан Жупе и Франсоа Филон, поранешните министри Жан Франсоа Копе, Бруно Ле Мер, поранешниот претседател на општина Париз Натали Коско – Морисет, претседателот на христијанско-демократската партија, Жан Фредерик Пуасон.

Според последните анкети во Франција, оној што ќе биде избран за претседателски кандидат на десницата во вториот круг на гласање, се очекува да биде избран за нов претседател на Франција на изборите закажани за следната година.

Сподели: