Вести Македонија Ударни вести

Савидис демантира и најавува тужби за неговата вмешаност во протестите во Македонија

Преку соопштение, групацијата компании на бизнисменот Савидис, ги демантира натписите во медиумите, отфрла секаква вмешаност во протестите во Македонија и најавува тужби против авторите и медиумите на објавениот текст во кој што се споменува неговото име.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, соопштението од групацијата го објави грчката новинска агенција АНА-МПА, со коментар дека се однесува на текстот објавен во Buzzfeed.

– Јасно ставаме до знаење дека бизнисменот Иван Савидис нема никаква врска или вмешаност со она што се споменува во апсолутно невистинитиот и крајно клеветнички текст. Затоа, веќе во следните часови и искористувајќи ги сите правни средства што ни се на располагање, ќе поднесеме тужба против медиумот, како и до авторите на оваа неоснована објава, пишува во соопштението од групацијата компании во сопственост на Иван Савидис.

Сподели: