СДСМ: Антизападното раководство на ВМРО-ДМПНЕ на ниту ниеден начин нема да ја закочи иднината во ЕУ и НАТО

Сподели

ВМРО-ДПМНЕ, партијата што со години од Македонија направи заробена држава, изолирана и без пријатели во светот, денес, како опозиција продолжува по секоја цена да ја блокира македонската иднина.

Владата предводена од СДСМ преку започнатиот процес на реформи обезбедува професионална и ефикасна администрација, создава услови за неселективно владеење на правото и силна борба против криминал и корупција.

Тоа е признаено од целиот демократски свет и јасно наведено и во Извештајот за напредокот на Република Македонија изготвен од Европската комисија.

Денеска, Македонија ги започна пристапните преговори за членство во НАТО. Нема поголема потврда од тоа за напредокот што Македонија го прави од некогаш заробена држава до држава на прагот на НАТО и ЕУ.

Антизападното раководство на ВМРО-ДМПНЕ на ниту ниеден начин нема да ја закочи иднината во ЕУ и НАТО.

Македонија го продолжува патот кон полноправно членство во НАТО и ЕУ без разлика што тоа не му се допаѓа на Христијан Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.