Вести Македонија

СДСМ: По 11 декември Македонија ќе се врати на вистинскиот пат кон ЕУ

Сподели:

7982-sdsm-zname1-670x423

Катастрофалните политики на Никола Груевски и фамилијата ја држат Македонија заглавена во евроинтеграциските процеси веќе осма година по ред. Поради коруптивната и неодговорна власт повторно добивме условена препорака за почеток на преговори со Европската Унија, реагираат од СДСМ по објавувањето на извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија.

„Во Извештајот јасно се посочува дека корупцијата е широко распространета и се уште претставува сериозен проблем за земјата, а судството сериозно назадува заради постојано мешање на политиката во неговата работа. И Европската Комисија ги потврди тврдењата на СДСМ и експертската јавност дека економијата не напредува, јавниот долг продолжува да расте, намалена е конкурентноста на приватниот сектор, младинската невработеност е голема, нема инвестиции во инфраструктурата“, стои во реакцијата.

Еден од условите, се вели во соопштението, за да се одблокира препораката за почеток на преговорите е спроведувањето на итните реформски приоритети од Извештајот на Прибе, „а оваа власт не покажа ниту волја ниту желба да ги спроведе“.

„Граѓаните имаат цврста определба и иднината на Република Македонија ја гледаат во Европската Унија и НАТО. На 11 декември заминуваат промашените и криминални политики на Никола Груевски кои ја одалечија државата од европските интеграции и го загрозија нормалниот живот на граѓаните во земјата. Македонија ќе се врати на вистинскиот пат и ќе биде вистинска европска земја. Македонските граѓани ќе живеат во Европа без да се излеат од Македонија“, се вели во соопштението од СДСМ.

meta.mk

Сподели: