Вести Македонија

СДСМ: Собранието брзо ќе ја избере новата Влада, демократските процеси никој нема да ги спречи!

Сподели:

Соопштение на СДСМ:

Македонија мора да оди напред. Собранието брзо ќе ја избере новата реформска Влада на Република Македонија.

Граѓаните избраа промени и избраа да ги водат сериозни политичари кои се грижат за интересите на луѓето и на државата, наспроти политиките на криминалците од раководството на ВМРО-ДПМНЕ кои за заштита на своите богатства и одговорност, се обидуваат да ја турнат земјата во длабока политичка криза и изолација.

СДСМ внимателно како и досега ги води политичките процеси што водат кон реализација на мнозинската волја на граѓаните.

Даваме пример како се работи во интерес на граѓаните и на државата. И така и ќе продолжиме да работиме откако ќе биде формирана новата Влада.

Порачуваме дека никој нема право да ја спречи демократски изразената волја на мнозинството на граѓаните на избори.

67 пратеници застанаа зад претседателот Заев. Има демократски формирано парламентарно мнозинство. Има Програма на новата Влада што ја штити унитарноста на државата и ги обезбедува потребите на сите граѓани.

Нема време за губење.

Парламентот и Ѓорге Иванов мора да овозможат мирен трансфер на власта.

Домашната и од меѓународната јавност очекуваат да се почитуваат резултатите од кредибилните избори на 11 декември и тоа е патот на демократските промени што се незапирливи.

Сподели: