Се отстранува железната ограда околу Владата – се промовира концептот на отворена влада

Сподели

Одлуката за отстранување на оградата што ја донесе Владата на последната седница започна денеска, со што ќе се ослободи целосно јавниот простор околу владината зграда за да биде достапен за користење од страна на граѓаните.

Оградата ќе биде ставена во депо, а сите понатамошни одлуки во врска со оградата и просторот околу зградата на Владата, ќе бидат донесени низ инклузивен процес во консултација со граѓаните.

Според владиниот портпарол Миле Бошњаковски нема да се трошат пари од граѓаните, туку ќе се искористат внатрешните ресурси, односно постојните капацитет на службите во рамки на Владата.

Според Владата, се исполнува ветеното и го промовира концептот на отворена влада.