Се запали авион со повеќе од 140 патници, нема повредени

Сподели

Авион „Боинг 737“ на перуанската авиокомпанија со 141 патник, се запалил по слетувањето на пистата, а потоа излегол и од пистата, на аеродромот Франциско Карл во Јаујa, Перу, пренесе 24 Вести.

„За среќа професионалниот екипаж на авионот спречил поголема несреќа”, изјавија од авиокомпанијата.

Сите патници кои биле во авионот, се спасиле. Нема сериозно повредени. Еден од патниците изјавил дека пилотот изгубил контрола над авионот штом слетале, па авионот скршнал од пистата, а при тоа се скршило крилото на авионот поради што избувнал пожарот.