Вести Изјави Македонија Ударни вести

Сијарто: Лага е дека сме му помогнале на Груевски да побегне од Македонија

 

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто демантира дека неговата земја на било кој начин му помогнала на експремиерот Никола Груевски да премине од Македонија во Албанија, пренесува Дојче веле.

„Моментот кога Груевски се појави во нашата амбасада во Тирана… беше првиот пат кога го сретнавме во овој случај“, тврди Сијарто во интервју за агенцијата АФП. Унгарскиот министер ги отфрла како лаги тврдењата дека неговата земја имала било каква улога во бегството на Груевски од Македонија.

„Лага е дека Унгарија би му помогнала на поранешниот македонски премиер да ја напушти Македонија“, вели тој.

Груевски избега од Македонија за да одбегне служење на двегодишна затворска казна, откако беше правосилно осуден во случајот со набавката на службено возило. Тој експресно доби политички азил во Унгарија. Информациите од Албанија, Црна Гора и Србија велат дека целата рута од Тирана до Будимпешта, Груевски ја минал во унгарско дипломатско возило, но останува до крај нерасчистено како заминал од Македонија.

Текстот во целост рочитајте го тука

Сподели: