СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ИТАЛИЈА, НАЈМАЛКУ 14 ЛИЦА ЗАГИНАТИ

Сподели

zemjotres-Italija

Најмалку 14 лица загинаа во силниот земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала, што го погоди централниот дел на Италија, јави италијанската телевизија РАИ, додека другите извори наведуваат дека бројот на потврдени загинати е над 20.

Бројките на загинатите се менуваат од момент на момент, бидејќи во настраданите подрачја тешката механизација допрва ги расчистува урнатините.

Земјотресот најпрво разурна десетина села во Пескара дел Тронто, источно од епицентарот.

zem

 

– Потресот беше толку силен, што креветите се движеа низ соба заедно со нас – велат жителите.

Untitled

 

Земјотресот, чиј епицентар бил на 126 километри од Рим, најтешко го погоди градот Аматриче, каде што некои згради се урнати до темел.

 

Во градот Аматриче, кој има 2.700 жители, била побарана итна помош од секторот за цивилна заштита поради огромната штета предизвикана од земјотресот.

meta.mk