Вести Свет

Снег во Сахара по 37 години

Сподели:

Во алжирскиот град Аин Сефра, во пустината Сахара, која инаку е позната по своите високи температури, првпат падна снег после 37 години, пишува весникот „Вашингтон пост“.

Фотографот Карим Бочетата ги забележал неверојатните слики на песочните дини, кои биле прекриени со снежна покривка.

– Сите беа изненадени од глетката, тоа навистина ретко се случува, истакна Бочетата.

Првиот снег на подрачјето на Сахара паднал на 18 февруари 1979 година, кога снежната бура траела само половина час.

Сподели: