Вести Македонија Ударни вести

Собранието денеска повторно за разрешувањето на Зврлевски

Денеска Собранието на Македонија ќе ја продолжи шестата седница на чиј дневен ред е разрешувањето на јавниот обвинител Марко Зврлевски.

Оваа точка беше ставена на дневен ред во почетокот на минатиот месец по иницијатива на Владата.

Претседателот на Собранието Талат Џафери продолжението на шестата седница го закажа вчера, откако ги распиша локалните избори, кои треба да се одржат на 15 октомври годинава.

Сподели: