Собранието ќе расправа за одземањето на мандатот на Груевски

Сподели

 

Почнува собраниската процедура за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски, кој е осуден на двегодишна казна затвор во случајот на СЈО, „Тенк“.

Барањето за одземање на мандатот на Груевски е според членот 59 од Деловникот на Собранието на РМ, во кој се предвидува за пратеникот осуден за кривично или друго казниво дело што го прави недостоен за вршење на пратеничката функција, известување до претседателот на Собранието да достави судот кој ја изрекол казната.

За да му биде одземен мандатот на Груевски, на Собранието му е потребно двотретинско мнозинство, но незивесно е дали за одземање на мандатот на поранешниот премиер ќе гласаат 80 пратеници.

За денеска преку социјалните мрежи се најавува собир за поддршка на Груевски пред Кривичниот суд со почеток во 19 часот. Собирот се најавува под мотото „Правда за Никола Груевски“.