Вести Изјави Македонија Ударни вести

Спасовски: Владата нема интерес да не расчисти со криминалот дури и ако станува збор за ДУИ

Сподели:

„Владата нема интерес да не расчисти со криминалот, дури и кога станува збор за коалицискиот партнер ДУИ“, изјави Спасовски во интервју за емисијата Отворено на 1Тв.

Спасовски не смета дека има зголемување на криминалот, напротив според него тој е намален.

„Нема генерално зголемување на криминалот, наскоро ќе бидат објавени извештаите, напротив, има намалување“, изјави тој.

Во врска со бегството на Груевски,Спасовски вели дека сепак постојат индиции за вмешаност на многу луѓе, но треба да се почека крајот на истрагата.

„Постојат сомневања за повеќе лица, МВР соработува со ОЈО, кое и во соопштението посочи на сомневање во повеќе лица, но за сега не може да се објави нивниот идентитет, ќе се чека исходот на процесот“, истакна Спасовски.

Сподели: