Средба Меркел – Меј во Берлин: Главна тема “Брегзит”

Сподели

 

Денеска во Берлин германската канцеларка Ангела Меркел ќе има средба со британската премиерка Тереза Меј.

Главна тема на разговорот ќе биде актуелната ситуација во процесот на отстапување на Велика Британија од ЕУ – Брегзит.

Официјалните претставници на ЕУ порачаа дека немаат намера повторно да преговараат за Договорот за Брегзит, туку да ја разгледуваат опцијата за излез од Велика Британија без постигнат договор.

Тереза Меј вчера го одложи планираното гласање за Брегзит во британскиот Парламент.