Вести Македонија Ударни вести

Средба Заев и Мицкоски во недела

Сподели:

Премиерот Заев денеска изјави дека е потврдена лидерската средба за вo недела со претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Претседателските избори, реформските закони и Специјалното јавно обвинителство, како што е најавено, ќе бидат трите клучни прашања на кои ќе се разговараат Заев и Мицкоски.

И лидерот на ВМРО-ДПМНЕ претходно потврди дека ќе се разговара за тие три значајни прашања.

-Претседателските избори кои следуваат како императив и предуслов за интегрирање во структурите на НАТО и ЕУ, па во делот кој се однесува на реформските закони, бидејќи досега имаше дијалог, тимови работеа на оние закони коишто можеме да кажеме дека се реформски, и ќе разговараме за СЈО и предлог-законот за иднината на СЈО, кој денес го добивме во работна верзија,- изјави синоќа Мицкоски во емисијата Отворено на ТВ Алфа.

Во однос на тоа дали средбата ќе се одржи на православниот празник Прочка вo недела, и дали ќе си простат со лидерот на опозицијата, Заев рече дека е транспарентен во духот на помирувањето.

-Во духот на простувањето и помирувањето сум многу транспарентен, на луѓето што држеа пиштол и што викаа немам чиста мета, им простив, затоа што животот треба да тече напред. Ние со Мицкоски немаме ништо лично. Ќе продолжам да негувам позитивен дух. На нашата земја и треба дијалог, дијалогот е ветер во грб во сите наши аспирации и ќе продолжам во тој дел без разлика колку се инсинуираат лоши зборови. Ќе продолжам во интерес на државата да го негувам дијалогот, рече вчера Заев.

Сподели: