Вести Македонија

СТАНИШЕВ: Иванов да ја прифати одговорноста и да му дозволи на Заев да формира влада со широка поддршка

Сподели:

Во соопштението од ПЕС стои, дека во парламентарна демократија, на кандидатот кој го претставува мнозинството граѓани мора да му се дозволи да формира влада, без опструкции. Тој кандидат е Зоран Заев кој е во позиција да добие поддршка од апсолутното мнозинство на пратеници .

„Претседателот Иванов мора да биде лојален на својата земја и на Уставот кој што ветил дека ќе го брани. Тој не смее да ја стави волјата на граѓаните во заложништво на неговата сопствена партија. Блокирањето на функционирањето на демократските институции на Македонија не е само погрешно туку и опасно бидејќи може да разгори интеретничка поделба и да води кон отворен конфликт. Го повикувам претседателот Иванов да ја прифати одговорноста и да му дозволи на Заев да формира влада со широка поддршка“, побара претседателот на ПЕС, Сергеј Станишев.

Тој ја осуди тактиката на малтретирање поттикната од актуелната влада и предводена од ВМРО-ДПМНЕ, вклучувајќи, како што вели, делење флаери во училиштата и манипулирање на учениците од нивните наставници да им се приклучат на простите. Тоа, според него е непристојно.

Станишев,додава дека целосно неприфатливо и неспоиво со функционална демократија е и заплашувањето на членови на парламентот од СДСМ и од други партии кои поддржуваат промена на владата.

 

Сподели: