Вести Македонија

Судијата Иван Џолев поднел кривична пријава против колега од Кривичниот суд Скопје

Сподели:

ivan-dholev

Судијата Иван Џолев од Основниот суд Скопје 1 поднел кривична пријава против судија од истиот суд, за кривично дело поврзано со вилијание врз судија, за да преземе одделни незаконски дејства, пишува „Дојче веле“.

„Денес настапувам како граѓанин, индивидуа, како судија на Кривичниот суд кој се залага за владеење на правото и правната држава, а во смисла на чл.103 од Судскиот деловник. Верувам дека Јавното обвинителство сериозно ќе ја разгледа кривичната пријава и во најбрз можен рок ќе преземе процесни дејствија во врска со пријавата. Верувам и во судството и во Кривичниот суд, во моите колеги и верувам дека овој преседан, односно исклучок, само ќе потврди дека судиите во овој суд судат согласно законите и се залагаат за владеење на правото“, вели судијата Џолев во својата писмена изјава.

„Поради сензитивноста на ситуацијата, нема да го откријам идентитетот ниту, пак, ќе ги кажам иницијалите на судијата против кој ја поднесувам кривичната пријава. Сепак, сметам дека е потребно јавноста да ја запознаам со тоа дека поднесената кривична пријава се однесува за кривично дело поврзано со вилијание врз судија, за да преземе одделни незаконски дејства“, се вели во соопштението од судијата Џолев испратено до јавноста.

Во однос на шпекулациите дека оваа пријава е поднесена против претседателот на Кривичен суд Скопје, Владимир Панчевски, Џолев за „Дојче веле“ изјавил дека смета дека не постои посебна причина за такво нешто, но дека тоа е „право на секој што смета дека му е извршено некакво кривично дело или е жртва на кривично дело“.

Сподели: