Вести Македонија Топ теми Ударни вести

Судот со барање до Собранието да му се одзеде пратеничкиот имунитет на Вељаноски

Сподели:

Барањето од Кривичниот суд во Скопје за одземање на пратеничкиот имунитет на поранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски е испратено до Собранието на Република Северна Македонија.

Од Судот за МИА потврдуваат дека Барањето за произнесување на Собранието на Република Северна Македонија за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељановски е испратено до законодавниот дом.

Според Деловникот, претседателот на Собранието по добивањето на барањето веднаш го доставува до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. Комисијата е должна да го разгледа барањето и во рок од два дена да достави извештај до претседателот на Парламентот. Со Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања претседава пратеникот Павле Богоевски.

По добиениот извештај од Комисијата, Собранието најдоцна во рок од три дена треба да одлучува за барањето на судот на пленарна седница. Одлуката за одземање на имунитетот се носи со просто мнозинство од вкупниот број на пратеници.

Актуелниот пратенички состав досега по барање на судот донесе одлуки за одземање на имуинитетиот на пратениците Никола Груевски, Љупчо Димовски, Крсто Муковски, Јохан Трачуловски, Жаклина Пешевска, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски.

Поранешниот претседател на Собранието и актуелен пратеник Трајко Вељановски, заедно со Миле Јанакиески и Спиро Ристоски вчера попладне беа приведени на распит по наредба на Јавното обвинитеклство под сомнение за вмешаност во настаните од 27 април 2017 година.

Вељановски се повика на пратеничкиот имунитет, додека на поранешните министри Јанакиески и Ристоски им беше одреден 30-дневен притвор.

Сподели: