Вести Македонија Ударни вести

Светски ден на лицата со Дауновиот синдром

Сподели:

Денеска е 21. март, Светскиот ден на лицата родени со Даунов синдром.

Даунов синдром е хромозомско нарушување предизвикано од екстра генетички материјал во 21 хромозом. Дауновиот синдром претставува облик на хромозомопатија, односно грешка во комбинацијата на хромозомите во 21 пар на хромозоми, која настанува при клеточната делба на новиот плод. При делбата на двата хромозома од едниот родител и двата хромозома од другиот родител, наместо во плодот да се појават два хромозома, се појавуваат три. Затоа и се слави денот на 21 март.

Иницијативата да се носат шарени чорапи на овој ден започнала од организацијата наречена „Даун Синдром Интернешнл“ за да ги поттикне луѓето да почнат да зборуваат за различности, уникатност, вклучување и прифаќање.

Во знак на поддршка за лицата со даунов синдром, денеска ќе се носат шарени чорапи различни, и ќе се лакираат ноктите во различни бои.

Веб страната на „Даунов синдром Шкотска“ сугерира дека хромозомите изгледаат како чорапи и оттаму е идејата за кампањата „Многу чорапи“ во чест на луѓето со Даунов синдром кои имаат еден хромозом повеќе.

Сподели: