ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА “АНТИГОНА”- 14.СЕПТЕМВРИ

Сподели

14141775_1842993665919432_8684457188737070774_n

ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА “АНТИГОНА”- 14.СЕПТЕМВРИ – Public Room

„Во еден дом, во едно кралство, еден вујко и една внука, еден крал и еден граѓанин, дебатираат за тоа дали е полесно да се каже ДА или НЕ„

„Антигона“ е алтернативна поставка на драмскиот текст на францускиот писател Жан Анулих, кој пак текстот го адаптира на истоимената Софоклеова античка трагедија. Целото дејство е концентрирано на конфликтот помеѓу Антигона и Креон, една внука и еден вујко, поточно еден граѓанин и еден крал.
Претставата е атрактивна поради својата двојазичност. Актерите текстот го изговараат и на македонски и на турски јазик. Има превод на македонски јазик.

Претставата трае 60 минути.

Играат:
АНТИГОНА – Слаѓана Вујошевиќ
КРЕОН – Никола Настоски
РЕЖИЈА – Слаѓана Вујошевиќ

Средствата собрани од билетите се донираат за настраданите од поплавите.
Цена на билет: 80 денари
Капацитет: 40 седишта

Резервации на: 02 6092 650