„Траекторија”: ,,Море Миле, нити е сечено, нити е лепено. Јас ќе сечам, ќе ти лепам”

Сподели

Во кривичниот суд во Скопје, продолжува рочиштето за предметот на СЈО со кодно име „Траекторија”, за провизиите за кинеските автопатишта.

На денешното рочиште, покрај три телефонски разговори за кои јавноста ќе биде исклучена и неколку разговори на странски јазик, на видео бим во судницата ќе бидат прикажани смс пораките меѓу обвинетите во овој предмет.

Пред почетокот на рочиштето, обвинителката Лиле Стефанова им подели на обвинетите и нивните адвокати транаскрипти од смс конуникацијата. На тоа, ексминистерот и’ рече дека тоа се сечени и лепени материјали, а Стефанова му возврати: ,,Море Миле, нити е сечено, нити е лепено. Јас ќе сечам, ќе ти лепам”.