Вести Свет Ударни вести

Трамп: Ќе се приземјат сите авиони Боинг 737

Сподели:

Доналд Трамп издаде итна наредба веднаш да се приземјат сите авиони Боинг 737 , по несреќата кога таков авион се урна во Етиопија и загинаа сите 157 патници и членови на екипажот.

И покрај тоа што многу држави превентивно забранија полетување на авионите Боинг 737 и го затворија небото за овој модел , американската воздухопловна управа тоа не го направи .

Затоа Трамп лично забрани вакви авиони да летаат во сите држави на САД. Тој рече дека авионите 737 нема да летаат додека Боинг не најде решение.

Веднаш потоа Боинг објави дека ќе ја суспендира целата флота Боинг 737 и тоа сите 371 авиони.

За само неколку месеци ова е втора авионска несреќа на нов Боинг 737 , откако во октомври минатата година во Индонезија падна ист таков авион и загинаа сите 189 патници и членови на екипажот.

Сподели: