Ципрас: Ако Путин ми подари вратоврска, на следниот состанок јас ќе ја носам

Сподели

По средбата на Ципрас и Путин во Москва, на која Ципрас не носеше вратоврска, новинарите го прашаа Ципрас зошто не го исполнил ветувањето дека ќе почне да носи вратоврска ако неговата партија победи на парламентарните избори и ако проблемот со огромниот грчки јавен долг биде решен.

„Јас веќе го исполнив тоа ветување, кога победив. Но, набргу ја тргнав вратоврската, бидејќи таа е јазол околу вратот на грчкиот народ. Тоа е симбол. Сепак, ако господинот Путин ми даде таков подарок, на следниот состанок јас ќе го носам“, низ смеа одговори Ципрас.