Вести Македонија

ЦИВИЛ: Низа нерегуларности, пропусти во избирачките списоци, агитација и притисоци врз гласачите

Сподели:

Набљудувачите од граѓанската асоцијација ЦИВИЛ регистрирале притисоци врз гласачи:

-Над 140 случаи на нерегуларности и сериозни прекршоци во кои изборниот законик очигледно не се почитува биле забележани од организацијата ЦИВИЛ, која ги набљудува изборите.

– Ние во овој момент како организација која ги набљудува изборите, можеме да кажеме дека изборниот молк во моментот не постои, буквално насекаде гласачи не можат да се најдат на избирачкиот список, над 1.000 граѓани не успеаа да го остварат своето право на глас. Дури и еден лидер на политичка партија ни се јави да го окарактеризира изборниот процес како проблематичен, секој втор член од неговото семејство го немало на списоците – изјави Џабир Дерала од ЦИВИЛ на прес конференција.

Од организацијата велат дека нивните набљудувачи регистрирале дека изборниот молк не се почитува во Скопје, но и во други рурални средини.

-Има сериозен пристиок врз граѓаните. Забележано е семејно и групно гласање, организирано гласање, поткуп на гласачите, дојави од граѓаните, агитација, притисоци врз гласачите, сериозни попречување на набљудувањето и гласањето. Во општинските изборни комисии им кажуваат на граѓаните – Дојдете на следните избори да гласате- во Радовиш, Куманово и неколку места во Скопје. Регистрирани се и фотографирања на ливчињата –  вели Дерала.

Од ЦИВИЛ нотирале и евиденција на гласачи од страна на администрацијата или партиски активисти кои стоеле непосредно до гласачките места, а имало и злоупотреба на државни ресурси во партиски цели.

Како што соопштија од невладината, дел од нивните набљудувачи добивале и вербални закани, на некои од нив им биле одземени легитимациите за мониторинг или пак им биле фотографирани.

Од ЦИВИЛ велат дека до сега не забележале случаи на насилство.

 

Сподели: