Вести Македонија

ЦИВИЛ продолжува со антинационалистичката акција

Сподели:

Неодамна, ЦИВИЛ ги повика граѓанките и граѓаните да пријавуваат случаи на говор на омраза во медиумите, социјалните мрежи и на улица. Воедно, медиумската платформа на ЦИВИЛ започна со објавување колумни посветени на жешката тема за национализмот во земјата.

Истражувачко-новинарскиот тим на ЦИВИЛ ќе ја продолжи својата динамична комуникација со граѓанките и граѓаните, со намера да помогне нивниот глас да биде слушнат. Во услови на деструктивни политички кампањи, организацијата ја согледа потребата од дијалог во општеството и надминување на омразата и поделбите. Македонија се наоѓа во средиштето на процеси кога е потребно да се разговара, општеството да се интегрира и да се слушне сечиј глас, без агресија и без лажни вести.

Овие теми се дел и од проектот „Патриотизам – ДА, национализам – НЕ!“ посветен на зајакнување на соживотот, подобрување на односите со соседите и кон забрзување на евро-атлантските инегративни процеси на Македонија.

Тимовите на ЦИВИЛ ќе ги постават прашањата: „Што е патриотизам, а што национализам? Кои се придобивките од едниот, а последиците од другиот? Што можат граѓанките и граѓаните, а што институциите и другите структури на моќта во земјата да направат, за да се надминат последиците од деструктивното влијание на национализмот?“

Одговорите ќе се бараат преку анкети, колумни и интервјуа, а ќе се подготват анализи и препораки кои организацијата ќе ги соопшти на средби со медиумите и граѓанките и граѓаните, како и со институциите на локално и национално ниво.

Проектот е поддржан од програмата Цивика Мобилитас.

Сподели: