Вести Свет Ударни вести

Цунами ја зафати Индонезија-животот го загубија 168 лица

Сподели:

Во цунамито што ја зафати Индонезија, досега животот го загубија 168 лица, а бројот на повредени изнесува 745. 

Бројот на жртвите се очекува и понатаму да се зголемува, бидејќи спасувачките екипи сѐ уште се на терен.

Од индонезиската Национална агенција за справување со природни катастрофи  изјавија дека причина за цунамито е активноста на вулканот Анак Кракатау.

Во подрачјата каде што се спроведуваат акции за откривање и спасување на настраданите, се стравува дека би можел да се зголеми бројот на настрадани, бидејќи цунамито погоди голем дел од крајбрежниот појас на кој се наоѓаат туристички објекти.

Сподели: