Вести Свет

Турција: Со одлука на Врховниот воен совет пензионирани 586 полковници

Сподели:

thumbs_b_c_b7d3d956d1bb877ef9013b3519137aa5

АНКАРА (АА) – Во рамките на одлуката на Врховниот воен совет, 372 полковници од Командата на копнените сили, 27 полковници од командата на поморските сили и 35 полковници од командата на воздушните сили, вкупно на 434 полковници им е продолжена службата во војската на период од две години, започнувајќи од 30 август 2016 година, јавува Anadolu Agency (AA).

Според соопштението коешто го даде Министерството за одбрана на Турција, Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, ги потврдил одлуките донесени од страна на Врховниот воен совет.

Со оваа одлука познати се полковниците кои во периодот од 30 август 2016 година до 29 вгуст 2017 година ќе служат во редовите на Турските оружени сили.

Според тоа, со цел за постепено намалување на бројот на офицери со највисоки воени чинови, почнувајќи од 30 август 2016 година, воената служба на офицерите е намалена на 28 години. Претходно воената служба на офицерите изнесуваше 31 година.

На тој начин, од 1.020 полковници кои започнале со работа во 1985, 1986, 1987 и 1988 година, почнувајќи од 30 август 2016 година на две години им е продолжена службата на 434 полковници, од кои 372 полковници од Командата на копнените сили, 27 полковници од командата на поморските сили и 35 полковници од командата на воздушните сили.

Пензионирани се вкупно 586 полковници, од кои 470 полковници од командата на копнените сили, 71 полковник од командата на поморските сили и 45 полковници од командата на воздушните сили.

На состанокот на Врховниот воен совет се дискутирало и за други прашања од интерес за Турските оружени сили.

Сподели: