Вести Македонија Текстови

Уапсени 135 лица во Кина поради шверц на вакцини

Сподели:

Кинеските власти уапсиле 135 лица во 22 провинции поради илегална трговија со вакцини, јавуваат светските агенции.

kina

Државното обвинителство на Кина вчера објавило соопштение во кое било наведено дека е издаден налог за апсење на 125 лица, кои без дозвола тргувале со вакцини.

Поради несовесно извршување на должноста биле уапсени уште 10 здравствени работници.

Во соопштението на обвинителство било наведено дека обвинетите работеле во локални болници и свесно купувале илегални вакцини кои потоа ги давале на луѓето.

Истрагата, како што пренесуваат медиумите, била спроведена откако во март, годинава било утврдено дека лекар во источната провинција Шандунг продал два милиони вакцини со поминат рок на траење.

Извор :Meta.mk

 

Сподели: