Вести Македонија

УТРЕ ГРАЃАНСКИ МАРШ “БОРБАТА ПРОДОЛЖУВА, ГЛАСОТ ПОБЕДУВА”

Сподели:

mars

Утре, 11 Октомври, во 14.00 часот, во чест на денот на народното востание и антифашистичката борба ќе се реализира најавениот голем граѓански марш под мотото „Борбата продолжува, гласот победува“. Предводени од иницијаторите, граѓаните ќе го почнат маршот кај раскрсницата на булеварот Партизански одреди и улицата Франклин Рузвелт, во близина на новиот објект на Специјалното јавно обвинителство.

Потоа, маршот ќе продолжи по булеварот Партизански Одреди до зградата „Тифани“, а по улицата Димитрие Чупоски ќе продолжи кон Собранието.

Пред Законодавниот дом ќе има поставено бина и на граѓаните ќе им се обратат четворица говорници.

Утрешниот марш, според иницијаторите, ќе се одржи за да се одбележи Денот на востанието во Македонија и да се испрати слободарска порака.

„Ќе маршираме за борба против сиромаштијата, за повисоки плати, за работни места, за млади кои сакаат да останат да живеат во родната земја. Да застанеме рамо до рамо сите заедно, еднакво важни, независно од каква било различност“, велат организаторите.

 

 

Сподели: