Вечерва доаѓа пролетта

Сподели

Вечерва во 22 часот и 58 минути, во земјава и на северната хемисфера почнува пролетта . Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи есента.

Првиот пролетен ден во земјава ќе трае 12 часа и 05 минути. Сонцето изгреа во 5:39 часот, а ќе зајде во 17:44 часот.

Пролетта ќе трае до 21 јуни кога календарски започнува летото.