Алтернатива Настани

Вевчански Карневал 2019

Сподели:

Од 12 до 14 јануари, славното и автентично ВЕВЧАНИ е голема отворена сцена за најголемиот европски фестивал на сатирата и една од најголемите културни знаменитости во Македонија- ВЕВЧАНСКИ КАРНЕВАЛ! Благодарение на вевчанските василичари, нивната специфична порака и надалеку познатата вевчанска гостопримливост, живее вековната традиција на карневалот познат ширум светот по неговата архаичност и уникатност!

И оваа година со манифестацијата збогатена и со музичка програма, Вевчани е подготвено да ги пречека сите посетители во единствениот спој меѓу паганскиот и современиот начин на прослава, за заедно да ја испратиме изминатата година и да ја пречекаме новата со желба да биде посреќна и побериќетна!

👉 МУЗИЧКА ПРОГРАМА
12-ти ЈАНУАРИ (САБОТА):
АРХАНГЕЛ
НЕША Galija
Kulturno Umetnicki Rabotnici
DJ ROOTBOY

13-ти ЈАНУАРИ (НЕДЕЛА):
Neli ti Rekov i Katerina Taneva
Baklava
Џубокс бенд
Оркестар зурли и тапани – Вевчани

Добредојдовте во Вевчани – за многу години!

Сподели: