Вести Македонија

Владата 100 процентно ќе ги обештети граѓаните од поплавените подрачја

Сподели:

Nikola-Todorov

Владата на Република Македонија денеска усвои пакет на мерки наменети за граѓаните во погодените подрачја од поплавите кои го зафатија скопскиот регион.

Министерот за здравство, Никола Тодоров, кој ги презентираше мерките, информираше дека прва мерка е обезбедување на 100 отстотно обесштетување на граѓаните од кризните региони за штетите предизвикани од поплавите.

– Ова значи дека граѓаните погодени од поплавите ќе бидат обесштетени во целост, односно се што комисијата за проценка ќе го евидентира за оштетено, истото 100 процентно ќе биде надоместено. Втората мерка, министерството за здравство ќе отвори посебна програма која ќе покрива партиципацијата на сите здравствени услуги на сите нивоа во зафатените подрачја и со тоа сите пациенти би биле ослободени од партиципацијата за здравствени услуги, спрема Фондот за здравство до крај на 2016 година. Третата мерка, домаќинствата од кризните региони ќе бидат ослободени од плаќање на месечните издатоци за вода и ѓубретарина во период од три месеци, со што ќе се оствари заштеда на нивниот семеен буџет. Четврта мерка, со оглед на тоа што се ближи почетокот на школската година, за сите деца од кризните региони, ученици во основно образование, ќе биде овозможена еднократна парична помош за набавка на училишен прибор – изјави Тодоров.

Петта мерка е, рече Тодоров, за семејствата од погодените региони од невремето, кои не извршиле легализација на своите куќи ќе биде овозможена бесплатна изработка на елаборат потребен за постапката за легализација.

– Се работи за заштеда на трошок кој во просек изнесува над 6.000 денари по домаќинство, во зависност од големината на објектот за кој се однесува. Шеста мерка, за семејствата погодени од поплавите кој се приматели на парични права од социјална и детска заштита односно приматели на социјална парична помош, постојана парична помош, додаток за мобилност, додаток за слепило, додаток за глувост, помош и нега од трето лице и посебен додаток за деца со пречки во развојот ќе се изврши зголемување на паричната помош во наредните три месеци за 50 проценти. Седма мерка е обезбедување на 30 тони јачмен од државните резерви кои ќе будат наменети без надомест, за сточна храна за земјоделците од погодените региони кои имаат потреба од ваков тип на поддршка. Осма мерка , во насока на излегување на барањата на земјоделците кои имаат земјоделски посеви во погодените региони ќе овозможиме бесплатна анализа и испитување на почвата, процес во кој што ќе биде потребно да се утврдат и можните потреби за прочистување. Ова е особено значајно за продолжување на планско земјоделско производство – изјави Тодоров.

meta.mk

Сподели: